30 дена и 30 аудио лекции
Водено патување кон внатрешна слобода.
Простор каде можеш да престанеш да живееш под сопствениот капацитет.
Ова не е простор за старата верзија на тебе.
Таа веќе си ја надраснала.
СЛОБОДНА е 30-дневно длабоко аудио водство
што те враќа на место каде што не мораш да се собираш,
да се докажуваш или да се контролираш за да бидеш прифатена.
Подалеку од туѓи очекувања.
Подалеку од вина.
Подалеку од перфекционизам како стратегија за преживување.
СЛОБОДНА е простор за жени кои веќе имаат капацитет, сила и свесност,
но чувствуваат дека живеат помалку од она што го носат во себе.
Можеби надвор сè изгледа „во ред“.
Но внатре:
– умот ретко замолчува
– постојано се преиспитуваш
– контролата е станата навика
– „доволноста“ никогаш не се стигнува
– и некаде длабоко постои јасно чувство:
„Ова не е животот што сакам да го живеам.“
Слободна е 30-дневно аудио патување.
Секој ден добиваш една водена аудио лекција
што те носи чекор поблиску до:
– раскинување со стари идентитети што некогаш те заштитувале
– ослободување од внатрешни договори што повеќе не служат
– напуштање на перфекционизмот како стратегија
– демонтажа на туѓи очекувања што си ги прифатила како свои
– проширување на личната моќ без агресија, без докажување
– премин од контрола во интегритет
– од „држење“ во слобода
Во овие 30 дена ќе работиме на:
– ослободување од туѓи очекувања
– препознавање и отпуштање на внатрешниот критичар
– вина што не е твоја
– перфекционизам како заштита
– страв од осуда и видливост
– стари уверувања и внатрешни стеги
– чувство на недоволност што не е вистина, туку навика
– теми што ретко се отвораат јавно, а токму затоа носат моќ
Ова се разговори што не се водат на глас.
Затоа се водат тука.
Ова патување е за тебе ако:
✔ знаеш дека си моќна, но чувствуваш дека не живееш од целиот свој капацитет
✔ си ја надраснала верзијата на себе што те донела до тука
✔ не сакаш повеќе да играш улоги што некогаш ти служеле, а сега те притискаат
✔ здосадено ти е од стари приказни за „каква треба да бидеш“
✔ си успешна, способна, аналитична, но знаеш дека следното ниво не е во уште повеќе контрола, туку во поголема внатрешна слобода
✔ не те интересира мотивација, туку поместување на идентитет
✔ подготвена си да раскинеш со наративите што веќе не одговараат на жената која стануваш
✔ чувствуваш повик за раст, не затоа што нешто ти фали, туку затоа што има уште простор
✔ сакаш да живееш од интегритет, не од приспособување
✔ жена си што знае да држи простор и е време да почнеш да го држиш и за себе
Ова е простор што ќе го носиш со себе многу долго и од кој нема да излезеш иста.
Не си тука за „поправка“ , тука си за експанзија.
Слободна бара зрелост и одговорност.
За жени кои не бегаат од одговорност,
туку се подготвени да ја преземат целосно.
За оние што не сакаат да бидат подобри,
туку пореални, послободни и посреќни.
После СЛОБОДНА конечно ќе престанеш да живееш под сопствениот потенцијал.
Целиот материјал е достапен на оваа платформа. Секој ден ново аудио кое ќе те извади од кожа.
Содржина
- 1 Секција
- 31 Лекција
- 7 Недели
- СЛОБОДНА31
Барања
- 18+
За кого е наменета програмата
- Ова е за жени кои веќе имаат капацитет, сила и свесност, но чувствуваат дека живеат помалку од она што го носат во себе.
