По успешна уплата, пристапот до програмите се активира автоматски.
Подолу се прикажани сите чекори – од купување до следење на лекциите.
Чекор 1: Уплата и корисничка сметка
По успешна уплата, автоматски се креира корисничка сметка со е-поштата што ја внесовте.
Доколку веќе сте купиле програма со истата е-пошта, можете да се најавите за време на checkout процесот.
Чекор 2: Поставување лозинка
Ќе добиете е-пошта со вашето корисничко име и линк преку кој можете да ја поставите вашата прва лозинка.

Чекор 3: Корисничка Сметка
Линкот до вашиот Профил/Линкот за најава се наоѓа на крајот од навигациското мени на сајтот, под опцијата „Профил“. Таму можете да се најавите со корисничкото име што ви е испратено на е-пошта или директно со вашата е-пошта.

Доколку сте ја заборавиле лозинката, изберете ја опцијата „Заборавена лозинка“ и следете ги упатствата што ќе ги добиете на вашата е-пошта.
Ве информираме дека системот има безбедносна заштита која се активира по повеќекратни неуспешни обиди за најава.
Доколку вашиот профил биде привремено блокиран поради тоа, ве молиме контактирајте нè за дополнителна помош или почекајте да ве одблокира системот.
По најавување, сите информации поврзани со вашата сметка се достапни во вашиот Профил.
Доколку сте најавени, вашиот Профил изгледа вака:

Чекор 4: Потврда за нарачката
Ќе добиете е-пошта со потврда за нарачката и фактура. Оваа порака е информативна за нарачката што штотуку сте ја направиле.
Чекор 5: Мои Програми
Ќе добиете е-пошта дека сте успешно запишани во програмата.
Сите ваши програми се достапни на страната Мои Програми.
Доколку сте најавени, вашите Програми изгледаат вака:
Чекор 6: Пристап до програмата
Со клик на името на програмата добивате пристап до целосната содржина и сите лекции.
Откако ќе ја отворите програмата, изберете „Содржина“ доколку сакате да ги прегледате сите лекции. Со опцијата „Продолжи“ продолжувате таму каде што сте застанале или започнувате со програмата доколку ја користите за првпат.

Чекор 7: Следење на напредокот
По завршување на лекција, притиснете на копчето „Заврши“ за да го следите вашиот напредок.
Можете повторно да се вратите на завршените лекции сè додека имате пристап до програмата.



