Психолошки систем за анализа на соништа и работа со интуиција
Како да ги разберете вашите соништа и внатрешни процеси
Се будите видно вознемирени и се прашувате „Што значеше ова?“, па потоа пребарувате низ соновници или блиски, што значи „змија, смрт, снег, паѓање, река, бегање, доцнење, неможност за зборување, крв….“?
И после првото кафе или неколку дена, уште ве обзема чудно чувство кога ќе се присетите на сонот?
Сите сакаме одговор, но суштината не е толку во тоа што значи симболот, колку што е важно да видите што се случува во вас што бара простор да се покаже.
Сонот не доаѓа за да ви каже што ќе се случи, доаѓа за да ви покаже што веќе се случува.
🕒 2.5 часа структуриран психолошки метод во видео формат
🎥 Снимка достапна 12 недели
Од памтивек луѓето ги толкуваат соништата, од владетели до научници, од религии до модерна психологија. Не постои култура, народ, цивилизација која не била свесна за моќта на соништата.
Дури и најрационалните луѓе, кога станува збор за соништа, бараат значење. Но, зошто е тоа така?
Затоа што сонот изгледа како значајна порака, но најчесто не е порака за иднината, туку одраз на сегашноста.
Соништата многу ретко предвидуваат што ќе ви се случи, најчесто тие покажуваат што веќе ви се случува одвнатре.
Што ако не е случајно?
Што ако не е случајно што:
– повторливо сонувате ист тип на човек
– постојано бегате во сон
– доцните
– паѓате
– не можете да зборувате
– се губите
– некој ве брка
– се враќате во стара куќа
Додека во реалноста:
– одложувате важни одлуки
– останувате во односи што ве исцрпуваат
– се плашите од конфронтација
– се чувствувате „заглавено“
– носите избори што ве враќаат во ист круг
– повторувате ист тип динамика
Совпаѓање или несвесна динамика?
Замислете личност која постојано сонувa дека доцни на важен состанок. Во сонот трча, но не стигнува.
Во реалноста, таа личност:
– одложува разговори
– чека „подобар момент“
– избегнува одлука
– се плаши да преземе одговорност
Сонот не значи „ќе доцниш“, тој само ја покажува внатрешната динамика на избегнување.
Сакам да знаете дека овде не станува збор за гатање и толкување соништа низ симболи кои исто значат за сите.
Нема да ти кажам „Змија значи предавство“, „Вода значи емоции.“, „Смрт значи промена.“…
СОН методот за анализа:
– не користи универзални значења
– не претпоставува мистични пораки
– не интерпретира наместо вас
– ве учи како самостојно да размислувате
Значењето не е универзално за сите, затоа што сонот е личен. Ист симбол кај две различни личности може да има целосно различно значење.
Личност сонувa дека постојано се враќа во стара куќа, а истата во реалноста:
– не може да пушти стар однос
– носи вина
– живее во приказна што одамна завршила
Сето ова може да го освести само низ лична анализа на соништата, кои и даваат знаци постојано.
Во терапевтската пракса, соништата често отвораат теми до кои свесниот разговор не може да стигне.
Често токму преку сон станува јасно зошто некој останува во ист образец со години.
Несвесното не исчезнува затоа што не го гледате, само станува подиректно во вашите одлуки.
Многу од вашите одлуки не се „ваши“, туку се:
– стари навики
– научени реакции
– потиснати стравови
– непроцесирани искуства
– несвесни лојалности
Ако не го освестите, ќе го повторувате.
СОН методот произлегува од практична психотерапевтска работа и интеграција на психодинамичко разбирање на несвесното, гешталт пристап кон соништата и современи психолошки модели, кои се структурирани во јасен, чекор-по-чекор систем што може да го користи секој.
Постои нешто што сите го имаме, но ретко му веруваме и тоа е фамозната интуиција.
Интуицијата не зборува со логички аргументи.
Таа зборува преку:
– чувство во стомакот
– телесна реакција
– немир
– сцена
– сон
Интуицијата е тивка преку ден, а навечер станува гласна.
Сонот често е начин на кој интуицијата се обидува да допре до свесниот ум.
Но, ако не знаете како да го слушате, ќе го оттурнете како „чуден сон“.
Ова е важно, затоа што несвесното влијае на тоа:
– кого избирате
– што трпите
– кога се повлекувате
– кога се саботирате
– кога одложувате
– кога се сомневате
– кога се плашите да кажете „не“
– кога повторно влегувате во иста динамика
Мислите дека одлучувате рационално, но често одлучува нешто што не го гледате.
Сонот често го покажува образецот пред да го видите во реалноста.
Можете да продолжите да пребарувате значења или можете да научите како да го разберете сопствениот процес.
Можете да продолжите да:
– носите исти одлуки
– влегувате во ист тип однос
– одложувате исти разговори
– се прашувате „зошто пак ова?“
Или можете да разберете што стои зад тоа.
Сонот не е магија, но одлуките не се случајни.
Ако сакате да знаете што значат вашите соништа и какви пораки ви испраќа несвесното, СОН методот е местото од каде започнува тоа разбирање.
Што ќе добиете?
1. Разбирање
Како функционира психологијата на сонот
Зошто мозокот создава симболи наместо директни пораки
Разлика помеѓу симбол и лична проекција
Кога сон укажува на внатрешен конфликт
2. Практичен модел
Чекор по чекор структура за анализа
Прашања што можете да ги користите самостојно
Како да препознаете повторлив мотив
3. Интуиција
Како да разликувате интуиција од фантазија
Како сонот ја активира телесната свесност
4. Примена
Како увидот од сон се поврзува со реалниот живот
Како да не останете само со „интересно беше“
Овој шаблон можете да го користите доживотно.
Овој метод НЕ е за вас ако
– сакате брзо значење од табела
– барате универзален речник на симболи
– сакате некој да ви каже/предвиди „што ќе ви се случи“
– не сакате да размислувате подлабоко за сопствените процеси
– очекувате духовна или мистична интерпретација
Ако сакате готови одговори, ќе бидете разочарани.
Ако сакате да разберете што психата обработува, ќе добиете структура.
Што ќе изгубите ако не дојдете?
Можеби ништо веднаш.
Но можеби ќе продолжите да:
– се прашувате зошто ист сон ви се повторува
– ја оттурнувате интуицијата како „чудно чувство“
– мислите дека сонот е случаен
– ги повторувате истите внатрешни динамики без да ги видите
Сонот не исчезнува затоа што го игнорирате, тој само ќе се појави на друг начин, како на пример, повторлив образец, телесен немир, внатрешна напнатост, одложување, ист тип ситуација, итн,
Не е потребно претходно знаење. Не е потребно да споделувате лично искуство. Ова е структуриран метод, не групна терапија.
Можете да продолжите да пребарувате значења или можете да научите како да го разберете сопствениот процес.
Секој сон што го оттурнувате е информација што не сте ја прочитале.
Ќе имате систем што можете да го применувате секојпат кога ќе сонувате.
Секојпат кога ќе се разбудите од сон што бара внимание, ќе знаете што да направите.
Овој метод е за секој што:
– сака да знае што навистина значат неговите соништа
– сака да престане да погодува
– сака структура наместо претпоставки
– сака да научи како сам да анализира сон
Сите сонуваат, малкумина знаат што да прават со тоа.
Ако некогаш сте помислиле:
„Ова не беше обичен сон“, веројатно не бил.
Снимката ќе ви биде достапна 12 недели од денот на купување.
Содржина
- 1 Секција
- 1 Лекција
- 12 Недели
- СОН Метод1
