Да имаш повеќе живот во себе отколку страв.
Да престанеш само да се подготвуваш за животот и конечно да почнеш да го избираш, создаваш и живееш како свој.
Водилка е едномесечно аудио искуство за жената што знае дека во неа има многу повеќе и повеќе не сака да чека за да открие што станува возможно кога почнува да се води од себе.
Една нова аудио епизода секој работен ден.
Само слушалки, неколку минути за себе и еден месец што може да го промени начинот на кој се движиш низ животот.
Започнуваме на 20 август.
Цена: 3.990 денари
еднократна уплата • целосно анонимно • 10 недели пристап
Колку гласови во тебе зборуваат истовремено?
Еден ти вели да почекаш.
Друг дека не си доволно подготвена.
Трет дека ќе ги разочараш другите.
Четврти дека повторно ќе згрешиш.
И додека секој од нив се обидува да те заштити на свој начин, полека престануваш да го слушаш единствениот глас што никогаш не се обидувал да те исплаши.
Твојот.
Водилка не е создадена за да ти каже кој пат да го избереш.
Создадена е за повторно да научиш да ѝ веруваш на личноста што ќе го избере.
На себе.
Ако ова го читаш…
Многу е веројатно дека толку долго си учела како да бидеш подобра верзија од себе, што речиси си заборавила како изгледа едноставно да бидеш на своја страна.
Веќе некое време работиш на себе. Не затоа што нешто не е во ред со тебе, туку затоа што длабоко во себе знаеш дека животот може да биде многу поголем од ова.
Не бараш магично решение, само бараш начин конечно да почнеш да го живееш она што веќе толку долго го учиш.
Читаш книги, слушаш подкасти, следиш луѓе што те инспирираат, гледаш интервјуа, запишуваш мисли, одиш на работилници. Можеби си пробала и психотерапија, иако немаш еден голем проблем што можеш јасно да го именуваш.
Само чувствуваш дека во тебе има нешто што сè уште не живее.
Нешто што сака да создава, да влијае, да љуби длабоко, да биде присутно со децата, да изгради нешто свое, да патува, да зборува, да води, да заработува повеќе, да има слобода и да го искористи потенцијалот што толку долго го чувствува во себе.
Понекогаш си помислуваш „Што ако не сум неблагодарна, туку едноставно сум создадена за повеќе?“
Но кога ќе останеш сама, повторно бараш.
Го отвораш ChatGPT, не за да ти напише домашна задача, туку затоа што се надеваш дека можеби овојпат некој ќе успее да го именува она што ти со години не можеш.
Пребаруваш на Google. Кликаш уште еден линк. Пушташ уште една епизода од подкаст. Зачувуваш уште една објава на Instagram. Го разгледуваш профилот на жената што изгледа како да ги има сите одговори. Купуваш уште една книга по препорака. Прашуваш пријателка. Потоа уште некој. И си велиш: „Само уште ова да го разберам.“
Читаш, размислуваш, се препознаваш и за момент чувствуваш олеснување.
Но утредента повторно си на истото место.
Наместо да стануваш посигурна, во тебе се отвораат уште повеќе можности, уште повеќе сценарија и уште повеќе прашања.
„Толку многу читам, слушам и учам, а кога ќе дојде моментот да одлучам, пак се блокирам.“
„Имам чувство дека цело време сум во својата глава.“
„Постојано имам чувство дека уште малку ми фали.“
Понекогаш, дури и кога длабоко во себе веќе го знаеш одговорот, сепак одиш да провериш дали некој ќе ти го потврди.
Затоа што некаде по патот си научила дека е побезбедно да им веруваш на сите други отколку на себе.
И тогаш веќе не знаеш:
„Дали ова што го чувствувам е интуиција или страв?“
„Дали ова е реално или само јас си правам филмови?“
„Дали го правам затоа што навистина го сакам или затоа што сум навикнала?“
„Зошто не можам едноставно да пресечам?“
„Како другите толку лесно кажуваат „не“? Што имаат тие што јас немам?“
Не ти недостигаат желби.
Не ти недостига амбиција.
Не ти недостига ниту потенцијал.
Ти недостига нешто што ќе ти помогне да престанеш да го живееш животот само од главата и конечно да почнеш да го живееш од себе.
Затоа што ти не сакаш просечен живот.
Не сакаш само да функционираш.
Не сакаш само да бидеш „добро“.
Сакаш да успеваш.
Да создаваш.
Да растеш.
Да бидеш присутна мајка, партнерка, пријателка и жена, без постојано да се губиш во сите тие улоги.
Сакаш еден ден да погледнеш назад и да знаеш дека не си го поминала животот само подготвувајќи се да живееш.
Но токму тоа колку многу сакаш понекогаш те плаши.
Веруваш дека е можно, но не знаеш како да стигнеш таму без постојано да се сопнуваш од сопствените сомнежи.
Како секојпат кога ќе направиш два чекора напред, нешто во тебе да ја повлекува рачната кочница.
Како да живееш со една нога на гас и една на кочница.
Тоа е едно од најисцрпувачките места на светот, затоа што трошиш огромна сила, а сепак имаш чувство дека не се движиш онолку колку што можеш.
„Имам чувство дека сите се движат, а јас само размислувам.“
„Знам дека можам повеќе, ама нешто не ми дозволува.“
„Имам чувство дека нешто ме кочи. Не знам што е.“
„Што ако најголемата пречка сум јас?“
Под сите тие мисли живеат уште подлабоки прашања, оние што можеби ретко си ги признаваш дури и себеси:
„Што ако мојот живот не е мал, туку јас постојано се правам помала за да ми собере?“
„Што ако повеќе се плашам од сопствената големина отколку од неуспехот?“
„Што ако цело време барам уште една книга само за да не мора конечно да почнам?“
„Што ако еден ден биде предоцна?“
„Што ако моите деца еден ден научат од мене дека соништата се нешто што се одложува?“
„Што ако цел живот сум била добра во преживување, а никогаш не сум научила како навистина се живее?“
„Само сакам некој да ми каже дека сум на вистинскиот пат.“
Многу е веројатно дека толку долго си учела како да бидеш подобра верзија од себе, што речиси си заборавила како изгледа едноставно да бидеш на своја страна.
А тоа е местото од кое растот конечно престанува да биде еден начин да се поправаш и почнува да станува начин да живееш исполнето.
Замисли само за момент…
Идеите што денес ги анализираш со месеци да почнат да добиваат прв мал чекор.
Одлуките што денес ти одземаат денови полека да почнат да ти одземаат минути.
Разговорите кои денес ги носиш со себе цела вечер да завршуваат таму каде што навистина завршиле.
Да престанеш да се прашуваш каков би бил твојот живот ако не се плашеше толку.
Да престанеш да чувствуваш дека твојот вистински живот само што не почнал.
Да не мора повеќе најхрабрата верзија од тебе да живее само во твојата фантазија.
Да се разбудиш наутро без уште пред да станеш од кревет првата мисла да биде што сè треба да поправиш кај себе и што сè денес не смееш да згрешиш.
Да не го гледаш туѓиот живот и постојано да си велиш: „И јас можев…“
Да не чувствуваш дека животот ти поминува додека ти се подготвуваш конечно да почнеш да живееш.
Да донесеш одлука без уште десет пати да ја превртиш во главата, без да бараш уште едно мислење, уште една потврда, дозвола или уште еден знак дека си на вистинскиот пат.
Да кажеш „не“ без после тоа со часови да пишуваш одбрана во својата глава.
Да кажеш „да“ на нешто што навистина го сакаш, без веднаш да почнеш да бараш причини зошто можеби не си доволно добра, доволно подготвена или доволно способна.
Да не го анализираш секој разговор кога ќе заврши, што кажа, дали така требаше, зошто така реагираше…
Да не го проверуваш телефонот прашувајќи се дали некој се налутил на пораката која ја прати.
Да легнеш навечер без повторно да го пушташ целиот ден во главата.
Да почувствуваш мир, не затоа што животот ти станал лесен, туку затоа што знаеш дека ќе умееш да се водиш низ него.
Да не ги гледаш другите како се осмелуваат, а ти повторно да останеш на истото место затоа што чекаш уште малку да бидеш подготвена.
Да се разбудиш возбудена за денот, без веднаш да помислиш дека сигурно нешто ќе ја расипе таа радост.
Да ти биде убаво, без истовремено да се подготвуваш за моментот кога ќе заврши.
Да не го потискаш она што го посакуваш, само затоа што се плашиш колку ќе боли ако го изгубиш.
Да си дозволиш да веруваш дека и добрите работи можат да останат.
Да не живееш постојано еден чекор пред катастрофата.
Да престанеш да се прашуваш само од што треба да се заштитиш и да почнеш да забележуваш кон што животот те повикува.
Да не почнеш да жалиш за нешто убаво, додека сè уште го живееш.
Но замисли и нешто уште подлабоко…
Да не мораш однапред да ги имаш сите одговори, за да го направиш првиот чекор.
Да си веруваш дека ќе се снајдеш и кога животот нема да оди според планот.
Да престанеш да чекаш ден кога конечно нема да се плашиш и да почнеш да живееш со доверба дека можеш да се носиш со што и да дојде.
Да не ги потискаш сопствените соништа уште пред да добијат ШАНСА да пораснат.
Да не ги нарекуваш своите најголеми желби „нереални” само затоа што никогаш не си си дала дозвола да ги следиш.
Да не ја криеш својата АМБИЦИЈА затоа што некаде по патот си научила дека е побезбедно да не бараш премногу од животот.
Да не се плашиш од тоа колку МНОГУ сакаш, па да се обвинуваш дека си неБЛАГОДАРНА.
Да престанеш да се гордееш со тоа колку малку ти треба, кога вистината е дека отсекогаш си сакала многу повеќе од животот и тоа никогаш не било премногу.
Да не се извинуваш за просторот кој го заземаш.
Да не живееш постојано еден број помала од себе.
Да почувствуваш дека во тебе има многу повеќе ЖИВОТ отколку страв.
Многу повеќе ЉУБОПИТНОСТ отколку сомнеж.
Многу повеќе СИЛА отколку што некогаш си си дозволила да видиш.
Да престанеш да ги храниш само гласовите што те предупредуваат и конечно да почнеш да го храниш гласот што те повикува.
Оној што сака да создава, да љуби, да истражува, да ризикува, да пробува, да расте, да се радува, да живее, да сфатиш дека не си родена само за да преживееш безбедно, туку да го проживееш животот целосно.
Да не мораш повеќе секој ден да избираш меѓу сигурноста и себеси.
Да знаеш дека животот никогаш нема да биде без бури, но и дека повеќе нема да дозволиш бурата во тебе да биде поголема од светот што те чека надвор.
Да не го живееш животот водена од гласот што постојано те штити од сè, туку од гласот што те води кон сè она за што отсекогаш си чувствувала дека е можно.
Да посакаш повеќе, без веднаш да си објасниш зошто треба да бидеш задоволна со она што го имаш.
Да престанеш да го нарекуваш „преголемо“ она што само предолго не си се осмелила да го признаеш.
Да почнеш да гледаш повеќе потенцијал отколку опасност.
Повеќе можности отколку пречки.
Повеќе живот отколку страв.
Да престанеш да живееш како гостин во сопствениот живот.
Да можеш да го слушнеш и стравот, без повторно да му го предадеш целиот свој живот.
Да престанеш да го живееш животот што изгледа правилно и да почнеш да го живееш животот што се чувствува како твој.
Да се фатиш себеси како повторно нешто силно посакуваш.
Да те возбуди идеја.
Да ти светнат очите кога зборуваш за нешто што го создаваш.
Да заборавиш на часовникот затоа што си премногу внесена во тоа што го живееш.
Да почувствуваш дека повторно имаш апетит за животот.
Да почувствуваш како телото ти се буди кога конечно ќе престанеш да го убедуваш дека не треба да сака толку многу.
Да почнеш да забележуваш каде живееш според правила што одамна не си ги избрала и да престанеш да ги нарекуваш „едноставно таква сум“.
Тоа е просторот кој го отвора Водилка.
Не живот во кој никогаш повеќе нема да се исплашиш, да се двоумиш или да згрешиш.
Туку живот во кој тие гласови повеќе нема автоматски да бидат најмоќните во тебе.
Живот во кој твојата желба ќе добие повеќе место.
Твојата љубопитност повеќе движење.
Твојата амбиција повеќе дозвола.
Она што со години го чувствуваш во себе конечно ќе престане да биде само можност и ќе почне да станува живот што навистина го живееш.
ВЛЕГУВАМ ВО ВОДИЛКА
Зошто ја создадов Водилка
Низ годините работа со жени, зад сосема различни животи, улоги и успеси, повторно и повторно ја слушав истата позната реченица:
„Знам дека можам повеќе. Само не знам зошто постојано се сопирам од себе.“
Ја слушав од жени кои веќе водат семејства, тимови, кариери и сопствени бизниси, а сепак остануваат сами со секоја важна одлука.
И од жени кои во себе носат цел еден неиспишан живот, но сè уште чекаат да се почувствуваат доволно подготвени за да почнат.
Не им недостигаше интелигенција, амбиција, ниту знаење.
Им недостигаше искуство во кое она што толку долго го разбираат конечно ќе почне да се чувствува и да се живее поинаку.
Затоа не сакав да создадам програма која што само ќе ја слушнеш „кога ќе имаш време“, ќе ја разбереш и ќе ја оставиш во папката за „еден ден“.
Сакав да создадам искуство што ќе те сретнува додека животот навистина се случува.
Кога треба да кажеш „не“.
Кога треба да избереш без гаранција.
Кога нешто ти е убаво, а еден дел од тебе веќе се подготвува да го изгуби.
Кога ќе посакаш нешто поголемо и веднаш ќе почувствуваш потреба да се смалиш.
Кога ќе треба да застанеш зад нешто што го чувствуваш, знаеш или сакаш, без некој друг прво да ти потврди дека смееш.
Водилка е создадена од сè што низ годините сум го гледала, слушала и учела за една противречност:
Како една жена може да биде исклучително способна, а сепак да не се чувствува како сигурно место за себе.
Не ја создадов за да ти кажам што да направиш.
Ја создадов за да престанеш да му го предаваш својот живот на секој глас освен својот.
За она што го носиш во себе да престане да биде само нешто што го чувствуваш и да почне да станува живот што навистина го живееш.
ВЛЕГУВАМ ВО ВОДИЛКА
Елена Џебр
м-р психолог и психотерапевт
Ова е за тебе ако…
• не си личност што се откажува лесно. Напротив. Веројатно веќе долго време вложуваш во себе повеќе отколку што повеќето луѓе некогаш ќе вложат.
• чувствуваш дека во тебе има многу повеќе живот, идеи, љубопитност, љубов и потенцијал отколку што моментално живееш.
• сакаш конечно да почнеш да си веруваш доволно за да го живееш она што веќе го знаеш.
• понекогаш си жена која веќе создава МНОГУ, а сепак се сомнева во себе повеќе отколку што другите би претпоставиле.
• жена си која носи голема одговорност, другите ја гледаат како силна, а речиси никој не знае колку често се преиспитува кога ќе остане сама.
• или си жена што сè уште не си дала дозвола ни да почне, затоа што цел живот чекала ден кога конечно ќе се почувствува доволно добра, доволно сигурна или доволно подготвена.
• колку и да успееш, некако секогаш си го поместуваш прагот уште малку подалеку, па ретко си дозволуваш да почувствуваш дека си стигнала некаде.
• знаеш да ги поддржиш сите околу себе, но кога станува збор за твоите желби, соништа и граници, најчесто прва се напушташ себеси.
• често го намалуваш тоа што го посакуваш, затоа што е полесно да се разочараш од мал сон отколку да ризикуваш голем.
• толку долго си била одговорна, добра, силна и разумна, што понекогаш веќе не знаеш што навистина сакаш ти.
• знаеш дека најголемите битки во твојот живот не се водат околу околностите, туку во разговорите кои ги водиш сама со себе.
• не сакаш повеќе да живееш водена од гласот што те штити од ризик, туку од гласот што те води кон животот што го посакуваш.
• не сакаш само да бидеш посмирена. Сакаш да бидеш пожива, поприсутна, послободна, похрабра, повеќе своја.
• не те плаши тоа што животот ќе биде тежок. Те плаши помислата дека еден ден ќе сфатиш дека си можела многу повеќе.
• конечно сакаш здравиот дел од себе да стане најгласниот глас во твојот живот.
За тебе која цел живот чувствуваш дека во тебе има нешто поголемо.
Веројатно уште од првите неколку реченици знаеш дека ова не е случајно.
Не е важно дали денес веќе си жена на која другите ѝ се восхитуваат или сè уште тивко го градиш животот за кој никому не си раскажала.
Важно е што и двете чувствуваат дека е време за нешто повеќе.
Постојат работи што не можеш да ги научиш, можеш само да ги искусиш.
Не е важно дали денес веќе живееш живот на кој другите му се восхитуваат или сè уште тајно го носиш својот најголем живот во себе.
Ако цело време чувствуваш дека постои уште една верзија од тебе што трпеливо чека да ја стигнеш, Водилка е создадена токму за тој пат.
Постојат луѓе што се заглавени затоа што не сакаат да растат и постојат луѓе што се заглавени затоа што сакаат толку многу, што постојано се преиспитуваат дали се доволно добри за животот што го посакуваат.
Ако се препознаваш во второто, веројатно си токму таму каде што започнува Водилка.
Водилка нема да ти се допадне ако…
• бараш некој друг да ти каже што да направиш, наместо конечно да научиш како да си веруваш кога никој нема да го има одговорот за тебе.
• мислиш дека еден ден ќе дојде момент кога конечно ќе бидеш доволно подготвена, доволно сигурна или доволно добра за да почнеш да живееш она што го посакуваш.
• повеќе ти се допаѓа идејата за личен раст отколку вистинскиот раст. Полесно ти е да читаш, отколку да се појавиш поинаку во сопствениот живот.
• повеќе те интересира да разбереш зошто си заглавена, отколку конечно да почнеш да се движиш.
• очекуваш некој еден ден да те направи похрабра, посигурна или посамоуверена. Никој не може да го направи тоа наместо тебе.
• сакаш гаранција дека нема да згрешиш пред да направиш чекор. Таква гаранција не постои.
• повеќе ти одговара да имаш добро објаснување зошто не можеш, отколку искрено да провериш што сè би било можно ако си дадеш дозвола да пробаш.
• сакаш уште една програма што ќе те инспирира додека ја слушаш, а ќе ја заборавиш штом ќе се вратиш во секојдневието.
• повеќе ти е важно да останеш во познатото отколку да откриеш која би можела да станеш.
Водилка не е за жена што сака некој да ја спаси од животот.
Таа е за жена што сака да научи да остане со себе и низ бурата и низ убавината и да не го пропушти ниту едното.
Секој работен ден ќе те пречека една нова аудио епизода.
Повеќето епизоди ќе траат околу 15 до 30 минути.
Можеш да ги слушаш наутро пред да започне денот.
Додека пиеш кафе.
Додека шеташ.
Додека возиш.
Додека готвиш.
Додека пеглаш.
Или навечер, кога сè околу тебе конечно ќе стивне.
Нема обемни домашни задачи.
Нема групни средби.
Нема потреба да споделуваш лични искуства, внатре си потполно анонимна.
Нема панично надоместување ако пропуштиш ден.
Но ќе ти треба нешто што не може да го направи ниту една програма наместо тебе:
подготвеност да бидеш искрена со себе.
Себеводството не се гради во еден голем увид.
Се гради во сите оние моменти во кои животот ќе побара нешто од тебе.
Во разговорот што инаку би го анализирала цела вечер.
Во границата што инаку би ја премолчела.
Во идејата што инаку би ја одложила.
Во радоста што инаку не би си дозволила целосно да ја почувствуваш.
Водилка не е создадена да ја „завршиш“.
Создадена е четири недели да живее покрај тебе, додека ти почнуваш поинаку да живееш покрај себе.
10 недели пристап
Ќе имаш време да ги слушнеш епизодите во свој ритам и да се вратиш на оние што најмногу те допреле.
По истекот на 10-те недели, пристапот трајно се затвора.
Водилка е создадена како патување што се живее, не како една папка со содржини што ќе ја чуваш за „кога ќе имаш повеќе време“.
Не сакам Водилка да стане програма што ќе ја купиш еден ден.
По завршувањето ќе биде повлечена од продажба. Нема да остане во архива, нема да биде достапна по барање и нема да можеш да ѝ пристапиш неколку месеци подоцна.
Сакам да стане искуство за кое ќе бидеш благодарна што не си го одложила.
Нема да можеш да се сетиш на неа во ноември, во јануари или „кога конечно ќе имаш повеќе време“ и тогаш да ја купиш.
Кога ќе заврши ова издание, ќе биде повлечена.
Пристапот за учесниците ќе остане 10 недели.
Потоа и тој завршува.
Водилка, во оваа форма, повеќе нема да постои.
Ова е единствениот период во кој оваа Водилка постои во оваа форма и по цена
ВЛЕГУВАМ ВО ВОДИЛКА
Нема да добиеш уште една листа со правила за тоа како „треба“ да живееш.
Нема да добиеш универзални одговори за одлуките што само ти можеш да ги донесеш.
Нема да добиеш притисок да станеш нова личност за 30 дена.
Нема да добиеш ветување дека по ова никогаш повеќе нема да се двоумиш.
Замисли дека за една година нема да бидеш најгорда затоа што си научила нешто ново, туку затоа што конечно си почнала да живееш како жената што отсекогаш си ја чувствувала во себе.
Не доцниш. Не си премногу. Не ти недостига уште една квалификација, уште една потврда или уште една подобра верзија од себе. Но никој друг нема да може да го живее потенцијалот што ти постојано го чувствуваш.
Ако цело време мислиш дека треба прво да се поправиш за да почнеш да живееш, можеби за првпат ќе откриеш дека токму тоа никогаш не било условот.
Постои голема разлика помеѓу тоа да бидеш заинтересирана за личен раст и да дозволиш личниот раст конечно да го промени начинот на кој живееш.
Ако стигна до овде, мислам дека веќе знаеш во која од тие две групи припаѓаш.
Едномесечно аудио искуство кое започнува на 20 август
- една нова аудио епизода секој работен ден;
- приближно 15–30 минути;
- слушаш кога ти одговара;
- целосно анонимно;
- без групни средби;
- без задолжително споделување;
- без обемни домашни задачи;
- 10 недели пристап;
- еднократна уплата.
ВЛЕГУВАМ ВО ВОДИЛКА
По уплатата ќе добиеш потврда и инструкции за пристап на твојата е-пошта.
Содржина
- 1 Секција
- 7 Лекции
- 10 Недели
