„Смирена“ е вебинар создаден за жени како тебе.
Жени што не бараат мотивација, туку стабилност.
Што сакаат да го разберат немирот, а не да го потиснат.
Што се подготвени да научат како да го смират својот нервен систем,
како да се вратат во телото,
како да здивнат, не само надворешно, туку внатрешно.
Овој вебинар не нуди „брзи совети“, туку длабоко разбирање и практични техники за смирување.
Телесна терапија, невронаука, психолошка регулација и женска мудрост во 150 минути што ќе ги паметиш доживотно.
Дали и ова си ти?
- Постојано ја враќаш истата ситуација во глава.
Размислуваш што кажа, што направи, што можеше поинаку, дури и кога одамна е завршено. - Тешко се исклучуваш, дури и на одмор.
Телото ти мирува, ама внатре сè уште нешто врие како да не е безбедно да се опуштиш. - Сакаш сè да биде под контрола.
Планираш однапред, се подготвуваш за најлошото, затоа што неизвесноста ти создава немир. - Изгледаш смирено, но внатре си напната.
Никој не би забележал, но ти го чувствуваш тоа „вклучено“ чувство кое не запира. - Често си уморна, дури и без да правиш многу.
Како да се троши енергија само од тоа што постојано нешто се врти во тебе како центрифуга. - Тешко заспиваш, лесно се будиш.
Мислите ти се активни и кога легнуваш. Утрото не носи олеснување. - Премногу си чувствителна на зборови, гласови, атмосфера.
Другите не го забележуваат тоа што тебе те погодува. - Често се нервираш за ситници, па си лута на себе.
Реакциите ти се преголеми, не од инает, туку од внатрешна пренатрупаност. - Потребни ти се ред, структура, тишина ама не знаеш како да ги создадеш.
Кога сè е хаотично надвор, немирот внатре расте уште повеќе. - Си пробала „да се смириш“ ама не ти успева.
Дишења, медитации, совети ама ниедно не допира до таму каде што ти гори.
- Телото ти е „вклучено“ и кога мируваш.
Како внатре да вибрираш, да носиш напон што не запира. - Имаш чувство дека нешто се движи низ тебе.
Немирна енергија, како молекули што не можеш да ги смираш. - Често забележуваш дека си стегната без да знаеш кога почнало.
Раменици, вилица, стомак, како да си подготвена за нешто, иако нема ништо. - Тешко ти е да седиш мирно.
Се местиш, се поместуваш, нешто во тебе бара движење. - Срцето забрзува без очигледна причина.
Само седиш и одеднаш, телото реагира како да треба да бега. - Се ладиш или се потиш, а надвор ништо не се случува.
Како аларм што се вклучува во мирна соба. - Постојано нешто правиш, само да не останеш сама со себе.
Одморот ти создава повеќе немир отколку заморот.
Ако препознаваш дел од себе тука, не е затоа што нешто не е во ред со тебе.
Туку затоа што твојот систем одамна нема добиено простор да се смират телото, мислите и срцето.
Што е „Смирена“?
„Смирена“ не е вебинар со совети за опуштање, туку интензивно, длабоко и научно поткрепено искуство кое те враќа во рамнотежа.
Создаден е за жената која изгледа „функционално“, но внатре е уморна од постојан внатрешен шум, стегање, напон и анализа.
За таа што пробала многу нешта, но ништо не останало со неа доволно долго за да донесе вистински мир.
Во 150 минути, низ јасна структура и силна психолошка рамка, ќе разбереш:
Што навистина се случува во телото и мозокот кога не можеш да се смираш:
- Како функционира нервниот систем (и зошто не си „премногу чувствителна“, туку предолго активирана)
- Зошто не можеш „само така“ да се опуштиш и зошто тоа не е твоја вина
Ќе ја разбереш моќта на мозокот и мислите:
- Како старите шаблони од детството го активираат немирот без да бидеш свесна
- Зошто overthinking-от те држи во аларм
- Како да ја „разврзеш“ менталната заплетканост без да се форсираш
Ќе ги научиш најважните алатки за саморегулација:
- Телесни вежби за моментално смирување
- Техники од гешталт, телесна психотерапија и когнитивна бихејвиорална терапија
- Како да си создадеш „сигурна внатрешна точка“ за да не мораш секогаш да бараш надворешен мир
Ќе препознаеш:
- Кој е твојот личен тригер-профил
- Каков невидлив напон носиш со себе
- Кои ситуации те држат заглавена и зошто телото тоа го знае пред тебе
Ќе добиеш:
- Работна вежбанка со прашања за интроспекција
- 150 минути предавање
- Доживотен пристап до снимката
- И едно чувство кое одамна ти недостасува: “Конечно разбирам што се случува со мене и што да направам со тоа.”
Зошто „Смирена“ е поинакво искуство?
- Не е само вебинар за опуштање.
Овде нема празни зборови и клишеа, само научно докажани сознанија и техники што навистина работат. - Ги користи најдобрите психотерапевтски пристапи.
Телесна терапија, гешталт, бихејвиорална когнитивна терапија, трансакциска анализа и невронаука се споени во едно единствено, длабоко искуство. - Практични вежби кои веднаш можеш да ги примениш.
Не само теорија, туку ќе научиш како да се смириш кога најмногу ти треба. - Фокус на твојот нервен систем.
Разбирање и саморегулација, а не само борба со симптомите. - Поддршка и заедница.
Не си сама, туку си дел од група жени кои се на ист пат кон внатрешен мир. - Прилагодено на модерниот живот.
Лесно се вклопува во твојот распоред, без дополнителен стрес и притисок. - Водено од магистер психолог и лиценциран психотерапевт.
Секој совет и техника што ќе ги добиеш се поткрепени со години клиничко искуство и најнова психотерапевтска пракса.
- Не е само вебинар за опуштање.
Содржина
- 1 Секција
- 2 Лекции
- Доживотен пристап
За кого е наменета програмата
- Овој вебинар е создаден за жени, но и мажи кои:
- Се чувствуваат постојано немирни и напнати, без јасна причина.
- Премногу размислуваат и не можат да го исклучат умот.
- Сакаат да разберат како телото и нервниот систем влијаат на нивната вознемиреност.
- Се уморни од „клучните зборови“ како медитација, опуштање и совети што не им помагаат.
- Трагаат по вистински, практични и научно докажани техники за смирување.
- Сакаат да се вратат во контакт со себе, да најдат мир и стабилност во хаотичниот свет.
- Сакаат да научат техники што можат да ги користат во секојдневниот живот, без многу време и стрес.
- Овој вебинар е за тебе ако:
- Сакаш да го разбираш и смируваш својот нервен систем, а не само да го„преживееш“ денот.
- Често се чувствуваш немирна, напната, уморна од внатрешен немир што не знаеш како да го смириш.
- Те интересира наука за телото и умот и сакаш практични техники поддржани од психотерапија и невронаука.
- Сакаш лесно и брзо да научиш вежби и стратегии кои можеш да ги користиш секојдневно.
- Сакаш да се ослободиш од постојаното преокупирање со мисли и да се вратиш во тело.
- Отворена си за нови начини на саморегулација кои ги надминуваат класичните „медитации и дишења“.
- Сакаш искуство кое е длабоко, со научна основа, но и човечко, топло и искрено.
