Онлајн вебинар за мајки кои сакаат да направат најдобро за себе и своето дете, а често се прашуваат дали го прават тоа како што треба.
Колку и да се трудиш, секогаш има дел во тебе што мисли дека можело поинаку или дека не си направила доволно.
Токму затоа ретко си целосно мирна во своите одлуки.
Најголемата промена во мајчинството
не е во тоа што го правиш за детето,
туку во тоа што се случува со тебе
и која стануваш додека се грижиш за него.
📍 Zoom вебинар
🗓 15.05.2026 година во 10:00ам
🎥 Снимката ќе биде достапна 20 дена
⏱ Времетраење: ~120 минути
ШТО ЌЕ ДОБИЕШ
По овој вебинар, нема само да знаеш повеќе, ќе се почувствуваш поинаку.
Како изгледа кога си мирна во своите одлуки?
Стануваш сабајле и мислите не почнуваат веднаш да трчаат пред тебе. Знаеш што те чека, но не чувствуваш притисок да го направиш „совршено“. Носиш одлука во текот на денот и продолжуваш понатаму, без да се враќаш десет пати назад во глава да провериш дали можело поинаку. Си со детето и си таму.
Без паралелен список во мислите, без чувство дека нешто друго те чека и те влече.
Имаш момент за себе и не го користиш за да се убедуваш дека „заслужуваш“, туку едноставно го живееш.
Реагираш во некоја ситуација и наместо да се вратиш со часови во тоа, знаеш да си кажеш
„Ова беше максимумот што го имав во тој момент.“
Во текот на денот, не ти треба постојано некој да ти каже дека си во право. Почнуваш да го чувствуваш тоа одвнатре.
И навечер, легнуваш уморна, но не и растурена во мисли.
Денот не го повторуваш одново во глава. Наместо вина, многу повеќе си во мир.
Ова е нешто што го гледам повторно и повторно во работа со жени и нешто што навистина се менува кога ќе почнат да работат на овој начин.
Овој вебинар е за тебе ако:
- често носиш одлука ама после ја вртиш и во глава уште 10 пати
- даваш многу време, внимание, енергија, а сепак некаде внатре не си мирна
- знаеш што „треба“ ама не секогаш знаеш што е навистина твое
- имаш моменти кога си присутна и моменти кога се губиш во мислите
- се фаќаш себеси како бараш потврда, во разговор, на интернет, во други мајки, на Chat GPT, наместо во себе
- длабоко во себе знаеш дека не ти треба уште совет, уште информации, туку нешто поинакво
Овој вебинар можеби не е за тебе ако:
- во моментов ти треба само некој да ти каже што да направиш, за да не одлучиш сама
- не си спремна да погледнеш под површината на тоа што го чувствуваш
- веруваш дека уште информации, уште читање или уште еден совет ќе ти ја донесе сигурноста
Мајчината вина и притисок не е нешто што ќе се смени со време. Се менува во моментот кога ќе почнеш да работиш поинаку со себе.
Колку подолго го одложуваш ова, толку подолго ќе се враќаш на истите мисли.
Снимката ќе биде достапна ограничено 20 дена,
затоа што овој вебинар не е нешто што се гледа, туку нешто што се поминува искуствено.
Ако се препозна во ова, веројатно веќе знаеш дека овој вебинар е тоа што ти треба.
Можеш да продолжиш да се враќаш на истите прашања или да направиш чекор кон место каде што ќе почнеш да си веруваш.
Цена: 1200 денари
📍 Zoom
🗓 15.05 во 10:00
🎥 Снимка достапна 20 дена
Ова е почеток на поинаков однос со себе како мајка.
Содржина
- 1 Секција
- 1 Лекција
- 4 Недели
- Од мајчинска вина до мир во сопствените одлуки1
