За повеќе љубов, а помалку стрес.
МАМА БЕЗ ДРАМА е курс кој е креиран од Мр. психолог и психотерапевт кој ќе ви помогне да стигнете од драма до автентичност.
Биди смирена и своја – биди мама без драма.
Можете да станете мајка која:
- се сака и почитува себеси
- има длабока конекција со своите деца
- го негува партнерскиот однос и ужива во него
- постигнува баланс меѓу мајчинството и кариерата
- ја негува својата интуиција
- е смирена и стабилна мајка
- има многу енергија
- со леснотија се справува со хаосот во мајчинството
Не мораш да бидеш мајка која постојано е нервозна и вика по сите, не мораш да бидеш сопруга која е лута на својот партнер и е незадоволна од односот со него, не мораш да бидеш мајка која е постојано осамена и изгубена во хаосот на мајчинството, мајка која е секогаш уморна и која постојано се преиспитува дали добро постапила и не памети кога последно си земала време за себе без грижа на совест.
Мајчинството со себе носи голем хаос, големи промени и многу непланирани настани. Како мајка на три дечиња и психотерапевт, сакав да создадам нешто кое на секоја мајка и е потребно за да може да се ослободи од целиот хаос кој го носи и да најде брзи и ефективни начини да се справува со предизвиците. Ќе научите како да управувате подобро со времето за да имате повеќе време за себе, ќе ја подобрите самодовербата, ќе ја надминете мајчината вина и ќе се носите со менталниот товар на родителството со леснотија. Освен тоа, ќе научите како да го балансирате односот со вашиот партнер и да изградите здрави родителски односи кои ќе ја поддржат вашата благосостојба. Но, најважно, ќе ја развивате Вашата емоционална писменост како доживотна вештина која ќе Ви служи на секое поле.
За да стигнете до таа верзија на мама која ја посакувате Ви се потребни:
Соодветни информации кои ќе Ви помогнат подобро да се разберете себеси
Конкретни алатки и насоки од професионалец кои ќе Ви помогнат да направите промена
Информации и насоки со кои подобро ќе ги разберете Вашите деца
Поддршка која не сте ни знаеле колку Ви е потребна
Ослободи се од мајчинската вина и хаосот – пронајди го твојот баланс.
Зошто да се пријавите на овој курс?
- Затоа што сте многу повеќе од само МАЈКА.
- Затоа што не мора постојано да се ставате себеси на последно место.
- Не мора секогаш да им угодувате на сите.
- Не мора да бидете несигурна мајка, која постојано се преиспитува и има чувство како да не е доволно добра.
- Не мора да се изгубите во хаосот на секојдневието.
- Затоа што постои начин да излезете од кругот на стрес, вознемиреност, преголема грижа, вина и неизвесност.
- Затоа што можете да научите како да сте во баланс и да не се жртвувате себеси.
- Затоа што грижата за себе е задолжителна, а не луксуз.
- Затоа што има еден глас во Вас кој сака многу повеќе за себе и своето семејство.
- Затоа што можете да имате многу повеќе енергија.
- Затоа што среќен партнерски однос постои и со мали деца.
- Затоа што може да се остане во складен брак и кога има големи разлики во родителските стилови.
Ќе погледнете подлабоко во менталниот товар на мајчинството, мајчината вина, психо-физичкиот развој на децата, здравата грижа за себе низ секоја различна сезона, како и балансирање на улогите кои ги имате и партнерските односи.
Ако сте мајка која се стреми кон баланс, автентичност и лично исполнување, без драма и хаос, тогаш „Мама без драма“ е Вашата следна трансформација.
Овој курс не е уште една листа со совети или теоретски концепти , туку простор за трансформација, за враќање кон себеси и создавање живот што ги интегрира мајчинството и личното задоволство.
Што ќе добиете?
Со овој курс ќе добиете ослободување од ПРИТИСОКОТ да се биде совршена мајка и ќе ја пронајдете мајката која умее лесно да носи одлуки со доверба и љубов кон себе и своите деца.
Практични техники за справување со стресот, тешките емотивни периоди и родителските предизвици – од плачот на бебето до бунтот на тинејџерот.
Ќе научите како да се организирате и да поставите граници кои ви носат повеќе време и мир во семејниот живот, согласно вас.
Ќе научите со кого треба, а со кого не смеете да се споредувате.
Алатки и стратегии за трансформирање на чувството на вина и постигнување здрав баланс меѓу родителството и личните потреби.
Ќе научите како да создадете „простор за дишење“ во вашиот физички и ментален живот преку ослободување од хаосот и непотребните очекувања.
Ќе добиете професионални насоки за подобра комуникација, поделба на обврските и повторна блискост со партнерот.
Разбирање на родителските стилови и стратегии за справување со конфликти без обвинувања и критики.
Ќе научите како да го проширите капацитетот за љубов и грижа, без да се чувствувате исцрпени и празни.
Практични начини да ја вклучите грижата за себе дури и во најхаотичните денови и најтешките времиња.
Наместо да бесконечно да „копате“ по книги, статии и вебинари, добивате проверени, стручни и применливи алатки што функционираат, на едно место.
За мајчинството да биде твојата сила, а не твојата драма.
Содржина
- 6 Секции
- 34 Лекции
- 23 Недели
- ТЕМЕЛ - Која си ти?9
- ОТКРИВАЊЕ6
- ОД ДРАМА ДО АВТЕНТИЧНОСТ10
- МАЈКА7
- ZOOM средби1
- Viber Заедница1
Барања
- 18+
За кого е наменета програмата
- Ова е за секоја жена која чувствува дека:
- Сака да биде подобра мајка за своето дете
- Чувствува дека сака подлабок однос со себе и своите најблиски
- Сака да научи како да се ослободи од мајчинската вина и сомнеж
- Сака да научи како да управува со леснотија со хаосот и невидливиот товар на мајчинството
- Свесна е дека никогаш нема да има идеални околности за да работи на себе
- Сака да се ослободи од драма и конфликти
- Сака да биде свесен родител
- Сака да ужива во односот со партнерот
- Сака да има многу повеќе енергија
- Сака да биде мајка во баланс
