Не си изгубена затоа што си мајка.
Се губиш кога престануваш да се водиш себе.
На мајката не и треба уште еден совет, туку поголем капацитет.
Капацитет:
да не се изгубиш кога денот ќе стане тежок,
да не реагираш од вина,
да не живееш во постојано преиспитување,
да застанеш пред да викнеш и да избереш како ќе реагираш,
да не се распаднеш внатре кога сите нешто бараат од тебе,
да не носиш туѓи емоции како свои,
да кажеш „не“ без да се јадеш со часови после,
да не се ставаш себеси на последно место секој ден,
да не влезеш во конфликт, па да молчиш и да се повлечеш,
да не се изгубиш во споредби со други мајки,
да не се будиш со чувство дека веќе заостануваш,
да не живееш со лутина што ја голташ,
да останеш стабилна кога детето плаче, вика или има тантруми,
да не се кршиш кога партнерот не разбира,
да не бараш постојано потврда дека си „доволно добра“
да имаш простор за себе, без вина,
да носиш одлуки, без внатрешен хаос,
да го живееш денот, без да преживуваш од обврска во обврска,
да поставиш граници без вина, со себе, со детето, партнерот и семејството.
4-месечен психолошки процес
кој не се сведува на информации,
туку на градење капацитет, чекор по чекор.
Вклучува:
платформа со видео лекции, прирачник и практични вежби,
онлајн средби на секои 2 недели каде што работиме во живо,
на тоа што навистина ти се случува во моментот,
преку систем што те носи од знаење до промена.
Има дел во тебе кој веќе знае како сака да живее, како мајка која:
- се сака и почитува себеси
- има длабока конекција со своите деца
- го негува партнерскиот однос и ужива во него
- постигнува баланс меѓу мајчинството и кариерата
- ја негува својата интуиција
- е смирена и стабилна мајка
- има многу енергија
- со леснотија се справува со хаосот во мајчинството
Не мораш да бидеш мајка која постојано е нервозна и вика по сите, да бидеш сопруга која е лута на својот партнер и е незадоволна од односот со него, да бидеш мајка која е постојано осамена и изгубена во хаосот на мајчинството, мајка која е секогаш уморна и која постојано се преиспитува дали добро постапила и не памети кога последно си земала време за себе без грижа на совест.
Мајчинството со себе носи голем хаос, големи промени и многу непланирани настани. Како мајка на три дечиња, психолог и психотерапевт, сакав да создадам нешто кое на секоја мајка и е потребно за да може да се ослободи од целиот хаос кој го носи и да најде брзи и ефективни начини да се справува со предизвиците. Една мајка, не може да работи на себе на ист начин како слободна девојка или маж. Затоа што не работи со исто време, не е со ист капацитет, и не со иста тежина во секојдневието.
Ова е нешто што го гледам секој ден, низ работа со повеќе од 500 мајки кои не се мрзливи, не се несигурни, не се слаби,
туку се преоптоварени без систем како да го носат тоа што го живеат.
Наместо да се обидуваш да „држиш сè под контрола“, ќе научиш како да го носиш животот со поголема сигурност, стабилност и простор за себе. Но, најважно, ќе изградиш нешто што останува доживотно, емоционална писменост што ќе ти служи во секој однос, секоја улога и секоја фаза од животот.
За мајка која сака да живее без постојан внатрешен притисок.
Мајка која не сака да го доживува мајчинството како товар, туку како нешто што ја гради, дури и кога е многу тешко.
Мајка која сака да работи на себе, но знае дека не може да го прави тоа како жена без деца.
Не со исто време.
Не со ист капацитет.
Не со исти услови.
Тука нема да работиш само на една работа. Тука полека ќе почнеш да разбираш што ти се случува и зошто.
Во овој процес ќе почнеш многу појасно да се запознаваш себеси, во секојдневни ситуации, како размислуваш, што очекуваш, што ти е важно и каде всушност ги поставуваш своите граници и стандарди.
Зошто реагираш како што реагираш.
Зошто те погодуваат одредени работи.
Зошто се губиш во некои моменти, иако не сакаш.
Ќе почнеш да гледаш појасно:
како твоето минато влијае на тоа каква мајка си денес,
каде си премногу строга кон себе,
каде попушташ повеќе отколку што ти одговара,
и каде всушност ти треба граница со другите, ама и со себе
и ќе почнеш да ја гледаш пошироката слика на семејните односи.
Ќе научиш:
како да се смириш кога си преплавена,
како да не реагираш од нервоза или вина,
како да поставиш граница без да се чувствуваш лошо,
како да зборуваш со партнерот без да се затвори или да дојде до конфликт.
Ќе почнеш да го разбираш своето дете без да се изгубиш во неговите реакции и да го градиш својот идентитет како мајка
не според тоа што „треба“, туку според тоа што е вистински твое.
Чекор по чекор, без притисок да „бидеш подобра“, туку со простор да растеш на начин што е реален за твојот живот.
Нема да го правиш тоа сама.
Ќе имаш простор каде што си разбрана, каде што не мора да објаснуваш од почеток и каде што се работи на тоа што навистина ти се случува во моментот.
На секои две недели се гледаме на Zoom и работиме на твоите реални ситуации, со насока, поддршка и разбирање што можеш веднаш да ја примениш.
Вистинската промена не се случува кога си сама.
Се случува кога имаш простор каде што растеш и се движиш напред.
Ќе станеш мајка која:
не носи постојан притисок да биде совршена, туку носи одлуки со разбирање, доверба и мир во себе
не се губи во стресот и емоциите, знае како да ги препознае, разбере и носи
не се споредува со другите, туку се води од сопствени вредности и ритам
не живее во вина, туку знае кога да даде и кога да застане
создава простор за дишење, во мислите, во телото и во секојдневието
комуницира појасно, поставува граници без вина и гради однос со партнерот во кој има повеќе блискост, не напнатост
разбира што стои позади однесувањето на своето дете, без да се изгуби во тоа
има капацитет да сака, да дава и да носи, без да се почувствува празно или исцрпено
се грижи за себе, не кога ќе „има време“, туку затоа што знае дека тоа е дел од стабилноста
ќе станеш емоционално писмена жена која не се губи во мислите, реакциите и хаосот, туку знае како да се води себе низ сè што животот носи.
За мајчинството да биде твоја сила, не твоја драма.
Можеш да продолжиш вака.
Да се снаоѓаш, да се прилагодуваш, да се обидуваш да бидеш „смирена“, да си осамена и пак да се враќаш на истото.
Или можеш да одлучиш дека не сакаш ова да биде твоето „нормално“, не сакаш вака да изгледа твоето мајчинство и дека е време нешто да се смени.
Овој програм не е за секого. Ова е за мајки кои не сакаат само да издржат, туку сакаат да растат.
Мајки кои чувствуваат дека има повеќе во нив од тоа како живеат во моментот. Жени кои чувствуваат дека нивниот капацитет е поголем
од животот што го живеат во моментот и се подготвени да го прошират, но бараат простор каде што ќе можат да се развијат и да се разберат.
Содржина
- 6 Секции
- 34 Лекции
- 23 Недели
- ТЕМЕЛ - Која си ти?9
- ОТКРИВАЊЕ6
- ОД ДРАМА ДО АВТЕНТИЧНОСТ10
- МАЈКА7
- ZOOM средби1
- Viber Заедница1
Барања
- 18+
За кого е наменета програмата
- Ова е за секоја жена која чувствува дека:
- Сака да биде подобра мајка за своето дете
- Чувствува дека сака подлабок однос со себе и своите најблиски
- Сака да научи како да се ослободи од мајчинската вина и сомнеж
- Сака да научи како да управува со леснотија со хаосот и невидливиот товар на мајчинството
- Свесна е дека никогаш нема да има идеални околности за да работи на себе
- Сака да се ослободи од драма и конфликти
- Сака да биде свесен родител
- Сака да ужива во односот со партнерот
- Сака да има многу повеќе енергија
- Сака да биде мајка во баланс
