5-часовна трансформациска работилница за жени кои се подготвени да погледнат во својата вредност
Ова е за тебе ако…
Се будиш со желба да си поцврста, појасна и посвесна жена, но премногу често:
се сомневаш во своите избори,
ти е тешко да поставиш јасни граници,
премногу се трудиш да бидеш „доволна“ за сите,
чувствуваш дека го губиш својот глас во семејството, на работа или во односите,
се нервираш што знаеш што треба да направиш, ама нешто внатре те запира.
Ако ова ти звучи познато, не си сама.
Со тебе нема ништо погрешно.
Само ти недостига простор каде ќе ја вратиш врската со својата внатрешна сила и вредност.
Добредојде во САМОУВЕРЕНА , твојата верзија која веќе постои во тебе, но досега немала доволно простор да се покаже.
Што е „Самоуверена“?
Интензивна 5-часовна работилница дизајнирана да ти помогне:
да го заземеш својот идентитет,
да престанеш да се минимизираш,
да поставуваш граници без вина,
да се движиш низ животот со јасност, стабилност и самодоверба,
да реагираш од зрелост, не од стари копчиња,
да си веруваш себеси повеќе од што се плашиш што ќе мислат другите.
Работилницата е комбинација од психологија, психотерапевтски модели, коучинг, длабока лична работа и практични вежби кои веднаш даваат резултат.
Оваа работилница ќе ти помогне да:
- Го разликуваш вистинскиот твој глас од стариот страв, вината или навиките.
- Дознаеш каде се губиш, зошто се блокираш и што ти треба за да се вратиш во себе.
- Бидеш поцврста за сопствената вредност.
- Се охрабриш за големи чекори.
Највредните часови се оние во кои учиме нешто што ќе нѐ менува долго по завршувањето.
Содржина
- 1 Секција
- 1 Лекција
- 12 Недели
- САМОУВЕРЕНА1
Барања
- 18+
Искуства од учесниците
- Оваа работилница ми отвори целосно нов начин на размислување. За само неколку часа научив нешта што не успеав со месеци сама.
- Супер енергична, јасна и многу практична! Сè што научив веднаш можев да го применам.
- Најдобро инвестирани 5 часа! Конечно добив структура и самодоверба да почнам да работам поорганизирано.
- Работилницата е многу интерактивна и инспиративна. Ме мотивира да продолжам да се развивам.
- Ова искуство ми помогна да добијам јасност и конкретни чекори. Ја препорачувам на секој што сака брзо да напредува.
